Ова е листата на најбогати земји во светот

- Advertisement -

Во светот постојат четири држави со БДП по жител над 100.000 американски долари: Катар (138.900 долари), Макао (113.400 долари), Луксембург (112.000 долари) и Сингапур (105.700 долари). Сите четири држави имаат помалку жители во споредба со големите држави како Кина и Индија, кои не се ни меѓу првите десет.

Ова се податоци на Меѓународниот монетарен фонд за 2020 година, а ги пренесува порталот Howmuch.net. Од истите податоци се гледа дека САД не се ни одблиску меѓу најбогатите земји во светот, иако често се фалат дека се број еден во се. САД, всушност, се средна класа држава, додека земјите во Африка се најсиромашни, а двете најбогати државо од тој континент не се наоѓаат физички на копно. Станува збор за Сејшелите (33.100 долари) и Маврициус (26.500 долари).

- Advertisement -

БДП по жител го мери економското производство на одредени земји прилагодено на големината на населението. Тоа е критична бројка затоа што густо населените земји како Кина или Индија може да се пофалат со висок БДП, но и понатаму имаат милиони сиромашни граѓани.

Ова се топ 10 најбогати земји во светот според БДП по жител:

- Advertisement -
  1. Катар: 138,9 илјади долари

2. Макао: 113,4 илјади долари

3. Луксембург: 112 илјади долари

- Advertisement -

4. Сингапур: 105.7 илјади долари

5. Ирска: 87 илјади долари

6. Брунеи Дарусалам: 85 илјади долари

7. Норвешка: 79.6 илјади долари

8. ОАЕ: 70.4 илјади долари

9. Кувајт: 67.9 илјади долари

10. Швајцарија: 67.6 илјади долари

(Howmuch.net)

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -