Нова анализа покажа дека на Венера сепак нема живот

- Advertisement -

Веста за пронаоѓањето знаци на облик на живот на Венера, односно на 60 км над нејзината површина, одекна во јавноста, но британските научници, чија студија ги пробуди надежите на многумина дека сепак постои некаква форма на живот и во други делови од Сончевиот систем, уште тогаш рекоа дека се потребни дополнителни истражувања.

Тие дополнителни истражувања покажаа дека нема докази за значително присуство на фосфан во атмосферата на Венера, а со тоа нема и форми на живот. Петмина научници направиле статистичка проценка на спектралните анализи презентирани во студијата на британските научници и откриле дека кога ќе се репродуцира нивната анализа, всушност, дава лажни резултати, односно не дава статистрички значајни резултати за откривање фосфан во атмосферата на Венера.

- Advertisement -

Температурите на површината на Венера се движат околу 464 степени Целзиусови, додека атмосферскиот притисок е дури 92 пати појак отколку на Земјата. Интересно е тоа што во горните слоеви на облачниот слој на планетата условите се многу поповлни. Имено, на оддалеченост од околу 60 км од површината температурата се движи околу 50 степени Целзиусови, додека атмосферскиот притисок е сличен на тој на Земјата.

Проблемот е во тоа што облаците на Венера се исклучиво кисели, па малите количини фосфан би биле многу распрскани. Токму затоа британските научниви верувале дека количината која успеале да ја забележат е индикатор дека фосфанот постојано се испушта.

- Advertisement -

(Astrobiology)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -