Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39% во однос одлуката од 19.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 19.10.2020 година.

- Advertisement -

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува на исто ниво, односно не се менува.

Од 27.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            58,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             60,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       50,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               50,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,938 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184 ден/кг и ќе изнесува 26,938 ден/кг.  

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување: бензинот за 2,374%, дизелот за 1,499% и намалување е регистрирано на екстра лесното масло за 2,364%, додека на мазутот има зголемување од 1,468%  .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,311%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од  19.10.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,820 0,950
Австрија 1,000 1,059
Бугарија 0,908 0,918
Хрватска 1,125 1,209
Германија 1,048 1,281
Грција 1,132 1,422
Италија 1,260 1,389
Унгарија 1,005 1,011
Словенија 1,006 1,001
Сподели!
- Advertisement -