Меѓународната невладина организација Македонија2025 ја освои престижната Награда за мал бизнис 2020 (Small Business Awards), каде што беше прогласена за Најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа.
Секоја година, Corporate Vision Magazine ги одбира најдобрите на глобална основа – бизнисите и организациите што се синоним за успех, вистински вредности и одржлив развој, чии достигнувања се демонстрираат преку иновативни производи и услуги, одлична репутација во рамките на нивната индустрија и задоволни клиенти низ целиот свет.
„Почестени сме што сме добитници на оваа престижна награда. Би сакале да им се заблагодариме на сите наши спонзори, организациски членови и корпоративни партнери. Остануваме посветени на нашите главни стратешки цели за подобрување на конкурентноста на македонските компании, зајакнување на врските со професионалната дијаспора и забрзување на развојот на лидерството. Ви благодарам од сè срце!“ – вели Никица М. Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.
Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.