Netflix и Apple сакаат да го откупат новиот филм за Џејмс Бонд за 600 милиони долари

- Advertisement -

Apple, Netflix и другите стриминг сервиси се заинтересирани да го откупат филмот „No Time to Die“, најновиот филм за Џејмс Бонд кој требаше да биде прикажан во април оваа година.

Студиото MGM, задолжено за продукција на филмот, изгуби речиси 50 милиони долари поради одложената премиера. Но и покрај загубата, тие немаат намера да го продадат филмот.

- Advertisement -

„Не сакаме да ги коментираме овие шпекулации. Филмот не е на продажба. Премиерата е одложена за април 2021 година бидејќи сакаме гледачите да го гледаат ова остварување во кино, како што доликува“, изјавија од студиото за Variety.

За разлика од нив, Paramount, Sony и другите продукциски куќи заработија милиони со продажба на некои од нивните нови филмови. MGM ја проценува вредноста на филмот на 600 милиони долари.

- Advertisement -

Kariera.mk

Сподели!
- Advertisement -