Давид, Мартин и Благојче креираа паметна инвалидска количка која се движи со окото!

- Advertisement -

Оваа интелигентна количка ќе овозможи безбедно и самостојно движење на лицето кое ја користи, преку примање на наредба: движење на окото на корисникот кое ја определува насоката на движењето на количката! 

Тим студенти и средношколци, наречен From Zero to Hero, пред неколку месеци создадоа прототип за паметна инвалидска количка. Станува збор за иновативен систем кој помага една обична инвалидска количка да стане паметен сојузник на лице со физичка попреченост и да му даде  можност за послободен и помобилен живот.

Давид Лазароски, Мартин Динев, кои се студенти на ФИНКИ и средношколецот Благојче Павлески во рамки на младинскиот предизвик „Generation Unlimited“, организиран од УНИЦЕФ креираа технологија која на целосно неподвижни лица им овозможува да се движат. Ова и не е големо изненадување ако се знае дека Мартин и Благојче четири пати се државни прваци во програмирање, а Давид девет пати првак во роботика. Инспирирани од нивната другарка Вероника,  која има фзичка попреченост поради која е во инвалидска количка, овие млади луѓе со месеци развиваат и суовршуваат систем кој ќе им го олесни животот на сите кои се во инвалидска количка.  

- Advertisement -

Како?

Иновативниот систем се состои од очила на кои има веб камера, за да може лицето со физичка попреченост да ја движи количката со поглед.  Преку препознавање на рожницата на окото со вградени камери во очила кои се поставуваат на главата на корисникот во неа, таа се ориентира и движи во просторот според неговите желби.
Освен тоа, системот има и мониторинг за здравјето на овие лица. Со дополнителниот вграден чип и целосно развиен систем за мониторирање на здравјето, количката ја следи состојбата на корисникот активно мерејќи и забележувајќи ги релевантните здравствени податоци и емоционалната состојба.  Овој help monitoring систем постојано ја следи здравствената состојба на лицето и да води статистика за неговите здравствени карактеристики како што се температура, пулс и ЕКГ. Подоцна тие податоци преку апликација да станат лесно достапни за нивните родители или лекари за да може во реално време да ја следат нивната состојба.

- Advertisement -

Тимот на млади иноватори предвидува дека нивната технологија, односно систем од повеќе хардверски компоненти, ќе може да се вградува во постоечките инвалидкси колички и да има ниски достапни цени.

“Каратеристично за оваа иновација е креирање на систем кој може да се вгради на веќе постоечка инвалидска колилка Главниот предизвик е како да се контролира инвалидската количка со помош на паметни очила, односно следеење со помпш на движењето на очите на лицето со попреченост. Кога тоа лице ги носи овие очила, количката се движи водена од движењето на очите“, објаснува за Иновативност Давид Лазароски.

- Advertisement -

Вакви паметни решенија вградени во инвалидски колички во светски рамки веќе постојат, но она што е предноста на македонскиот иновативен систем е цената која ќе може полесно да се вгради за нашите корисници, објаснива тој.

Во која фаза од развој е овој проект?

Тимот најпрвин креираше модел на инвалидска количка на кој се тестираше, во втора фаза моделот се усоврши, а во третата фаза е креиран прототип на паметна инвалидска количка која се придвижува со поглед.

Иако продуктот се уште е во развој, тимот веќе добива нарачки за овој систем кој сериозно може да го подобри квалитетот на животот на луѓето со физичка попреченост.

“Нашата визијата е системот да се усоврши до ниво да може да се примени и врз контрола на роботски нозе кои имаат задача да ја заменат инвалидската количка во иднина“, вели Лазароски.

Како студенти кои штотуку започнале да го чекорат својот пат во животот кој главно е сеопфатен со изобилство на технологија, новитети и новости во светот на софтверот, Generation Unlimited 2019/20 за овој претставуваше прекрасен предизвник да се соочиме со авантурите и предизвиците кои ги нуди токму предизвикот.

Предизвик кој како тим ќе го паметиме е тоа што самите си докажавме што значи да се биде во заедница со тим и како да се организираме и поделиме активностите, едноставно си докажавме дека повеќе глави подобро мислат.  Предизвик ни е тоа што си овозможивме и харверски компоненти кои се прилично скапи кои за да си ги дозволиме можеби би било потребно да чекаме некои подобри времиња во иднина Научивме како да спроведеме успешна анкета за собирање податоци за одредена тема која е главен фактор при процесот на собирање значајни информации за одредена тема. Лично ние како тим досега сме немале активна соработка со лица со физичка попреченост, ова ни беше одлична можност да се влезе во чевелот на другиот, научивме многу повеќе да имаме разбирање за лицата со физичка попреченост и нивните проблеми со кои се соочуваат нивните блиски и најмили.

Порака до институциите да ги следат иновациите кои ги креираат младите луѓе во земјава  со што ќе ги поддржат и ладите но и иновацискиот и технички напредок на државата.

https://www.facebook.com/113193913561842/videos/2504808759760695/?t=47
Сподели!
- Advertisement -