Тест за корона вирус кој дава резултати за секунди наместо за неколку часа

- Advertisement -

Раните резултати на нов тест за корона вирусот отвораат можности за брзо препознавање на болеста и за неколку секунди би се знаело дали некој е заразен или не. Британска студија покажа дека со методата за анализа на здивот развиена во Велс може веднаш да се дознае кој има корона вирус, пренесува BBC.

Резултатите ги објави списанието Lancet после мало испитување на новиот тест на пациенти во Шкотска и во Германија. Програмерите на компанијата Imspex Diagnostics велат дека нивниот уред ќе може да биде спремен за употреба за шест месеци отсега ако навреме успеат да обезбедат финансиски средства.

- Advertisement -

Мислам дека овде имаме голем потенцијал, вели основачот и извршен директор на компанијата, Санти Домингез. Тој смета дека брзиот тест би можел да се примени и надвор од болниците, како на пример во авионите, јавниот превоз или во случај на потреба за имиграција.

Примерокот за тестот може да се земе многу брзо, тестот е неинвазивен и не треба да бидете посебно обучени за да земете примероци, вели Домингез. Најновата технологија ја разви компанијата Imspex во своето седиште во Сајнон Вели во јужен Велс.

- Advertisement -

Првобитно технологијата се користела за развивање тестови за откривање болести како рак на белите дробови и за брзо разликување на бактериските и вирусните респираторни болести, но со оглед на пандемијата која ја предизвика новиот вид на корона вирус, компанијата одлучила својата дијагностика да ја примени за откривање на корона вирусот.

Досега се спроведени две испитувања на новата технологија на хоспитализирани пациенти во Единбург и во Дортмунд. Тие биле направени на самиот почеток на пандемијата. Студијата ја предводи Универзитетот Лоубороу. Технологијата функционира така што се анализираат хемикалии од здивот на пациентите, кои би можеле да ддат одговор на прашањето од што боледува пациентот и има ли респираторни проблеми. Тестовите досега успеале да откријат трагови на КОВИД-19 во хемикалиите, што потоа е потврдено и со традиционален и инвазивен тест- брис од грло и од нос.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -