Microsoft ги затвора речиси сите свои продавници во светот

- Advertisement -

Компанијата Microsoft соопшти дека ќе ги затвори речиси сите свои продавници во светот затоа што најголем дел од продажбата се одвива преку Интеенет. Претседателот на групацијата, Дејвид Портер, изјави дека зголемената онлајн продажба е причина за тоа и дека тимот задолжен за продажба преку интернет покажал способност да ги услужи купувачите и без физичко присуство.

Повеќе од 80 продавници ќе бидат затворени, додека ќе останат отворени центрите на iMicrosoft во кои купувачите и посетителите можат да ги пробаат производите. Превидено е таквите центри Лондон, Њујорк и Сиднеј да бидат местата во кои купувачите и посетителите ќе може да ги испробаат производите на компанијата.

- Advertisement -

Засега не се знае бројот на вработени во продавниците кои ќе бидат погодени со оваа одлука. Портер изјави дека тимовите ќе продолжат да работат од канцеларија или од дома и додаде дека компанијата ќе се фокусира на изработка на алатки за подобра онлајн компуникација со клиентите.

(Bizlife, Beta)

- Advertisement -

(фото: EdTech SR)

Сподели!
- Advertisement -