За ширењето на корона вирусот во светот не е виновна Кина

- Advertisement -

Соработката меѓу научниците кои работат на истражувањето на геномот на корона вирусот од Универзитетот Хадерсфилд во Велика Британија и Универзитетот Минхо во Португалија резултираше со една од најголемите анализи од тој тип за илјадници вирусни геноми, чии примероци се собирани во земји од целиот свет.

Научниците ја мапираа дисперзијата на вирусот САРС-Ков-2, одговорен за пандемијата КОВИД-19 и дојдоа до заклучок дека Eвропа е главниот извор за ширењето на пандемијата, а не Кина од каде што корона вирусот се прошири во останатите делови од светот.

- Advertisement -

Во истражувањето е потврдено дека новиот корона вирус изворно стигнал од Кина и дека на луѓето преминал од лилјаците. Истражувањето е објавено во специјално издание на научното списание Microorganisms. Студијата покажа дека забраните за движење во Велика Британија и во Европа биле преслаби и се воведени предоцна, па вирусот всушност се проширил на САД и на остатокот од светот најмногу преку Европа, а не директно од Кина.

Истражувањето се фокусира на 27.000 геноми од вирусот чии примероци се собрани од целиот свет. Научниците инаку вообичаено ја истражуваат миграцијата во човечката историја преку митохондриска ДНК, а сега се капиталзиирале на фактот дека вирусниот геном е сличен на тоа во клучни работи.

- Advertisement -

Со оглед на големата количина собрани податоци, оваа студија, која почнала уште во мај, се смета за досега најголема направена анализа од тој тип. Истражувањето го спровеле д-р Тереза Рито, клиничка генетичарка, и д-р Педро Соарес, еволуциски генетичар од Универзитетот Минхо и професорот Мартин Ричардс и д-р Марија Пала од Универзитетот Хадерсфилд.

Д-р Пала смета дека подоброто разбирање на брзото ширење на вирусот ќе овозможи подобро разбирање на самиот вирус, како и ќе помогне во носењето подобри мерки за стопирање на ширењето на пандемијата. Со оглед на илјадниците животи кои уште се загрозени, потребата за научни истражувања сега е побитна од кога било порано, вели д-р Пала.

- Advertisement -

(University of Huddesfield)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -