Еден од многуте проблеми во вселената е недостигот од храна. Израелскиот стартап Aleph Farms планира да го реши тој проблем со одгледување месо на други планети. Компанијата се надева дека може да помогне да се отстрани несигурноста кога се работи за изворите на храна без оглед на тоа како се развиваат климатските промени и како влијаат на Земјата во иднина.
„Aleph Zero го претставува математичкиот симбол на најмалиот бесконечен број, а сега ја носиме бесконечната вселена поблиску така што ќе ги поддржуваме длабинските истражувања на вселената и колонизацијата на други планети. Името исто така ја означува визијата на компанијата за производство на месо со користење речиси нула природни ресурси” изјави Дидие Тубла, соосновач и извршен директор на Aleph Farms.
Минатиот октомври овој стартап за клеточно земјоделство го „одгледа“ првиот вселенски стек на Меѓународната вселенска станица користејќи само клетки од крави. Сега не само што астронаутите и идните вселенски туристи ќе может да јадат вселенско месо, туку луѓето во оддалечените региони како Антарктикот и Сахара ќе имаат корист од новата технологија.
Aleph Farms има склучено партнерство со вселенски агенции и технолошки компании за собирање на знаење за клеточна биологија, инженеринг на ткива и прехранбени науки. Компанијата планира да направи големи биофарми, а првото комерцијално достапно месо одгледано во вселената ќе го видиме до крајот на 2022 година.
Тубиа е инженер за храна и биолог. И покрај тоа што развива месо кое не се добива од животни тој не сака целиот свет да стане вегански. „Нашата цел е да соработуваме со месната индустрија и да најдеме начини за ги комбинираме и да ги интегрираме новите мтодологии за напредок на целата индустрија. Не веруваме дека ќе го замениме сточарството, туку сакаме да соработуваме со месната индустрија“ вели Тубиа.
Засега се фокусираат на говедското месо, кое како што вели Тубиа потешко се одгледува отколку рибата или живината. Од Aleph Farms се надеваат дека ќе помогнат да се намали карбонскиот отпечаток на месната индустрија.
„Мислам дека ако сакаме да го зачуваме светот каков што е, мора да направиме баланс меѓу економските активности и поодржливата пракса. Верувам дека прехранбената индустрија користи премногу природни ресурси“ додава Тубиа.
(Inhabitat)
(фото: Aleph Farms screenshot)