ТОП 10 земји кои најмногу ги ценат вработените

- Advertisement -

Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот за привлекување и грижа за квалификуваните работници четврта година по ред.

Централноевропската држава ги остави зад себе Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската ранг листа за таленти на IMD, објавена во четвртокот.

- Advertisement -

Швајцарија е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот кон таленти, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и силни плати.

Данска се претстави добро во однос на еднаквите можности низ целото општество, а Луксембург се издвојува според постојаните инвестиции во својата работна сила во последните неколку години.

- Advertisement -

Еве ги првите 10 земји на листата од 63 пазари, главно предводена од Западна Европа:

Швајцарија
Данска
Луксембург
Исланд
Шведска
Австрија
Норвешка
Канада
Сингапур
Холандија

- Advertisement -

САД го зазедоа 15-то место, рангирајќи се зад Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван на 20-то, а Велика Британија на 23-то место.

На дното на листата се наоѓаат Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на листата. Македонија не е опфатена со истражувањето.

Годишната ранг-листа на IMD се обидува да обезбеди слика на фондовите за таленти на водечките економии, а со тоа и на нивната глобална конкурентност.

Економиите се проценуваат според три клучни критериуми: „Инвестиции и развој“ – гледаат на тоа како една земја ги поттикнува домашните таленти; „Апел“ – проценува до кој степен економијата ги задржува домашните таленти и привлекува меѓународни таленти, и „Подготвеност“ – го мери квалитетот на достапните вештини и компетенции.

Како и претходните години, најновата студија беше спроведена помеѓу јануари и април и како таква не го објаснува целосно влијанието на пандемијата. Сепак, Хозе Кабалерос, висок економист во Светскиот центар за конкурентност на IMD, рече дека наодите даваат некои индиции за тоа кои пазари на труд би можеле да почувствуваат најголем социјален и економски пад.

Индонезија, која го зазеде 45-то место, и Малезија, која е 23-та на оваа листа, паднаа на листата оваа година. Ова се должеше на „одливот на мозоци“, емиграцијата на образовани работници од матичната земја и намалената можност за привлекување на високо квалификувани странски работници, рече Кабалерос. Тој додаде дека пандемијата најверојатно ќе го влоши проблемот.

Во меѓувреме, и други земји кои многу се потпираат на странски таленти, како Сингапур, Австралија, САД и Велика Британија, исто така може да забележат негативно влијание на неодамнешните ограничувања на границите, се вели во извештајот.

Но, Кабалерос рече дека пандемијата им дава можност и на економиите да инвестираат во својот народ и да се прилагодат на новите начини на работа.

„Овозможувањето на вработените да се здобијат со нови или пренасочување на постојните вештини, како на пример, преминување кон работење на далечина, исто така ќе биде од суштинско значење за одржување на ефективноста на здруженијата за таленти во блиска иднина“, рече тој.

„Оваа ефикасност ќе биде потребна за да се соочиме со новите предизвици кои можат да се појават по сегашната криза. „Овозможувањето на усвојување на флексибилни нови технологии ќе биде од корист и за таквите економии, бидејќи тие ќе можат да се распределат за да ги задоволат потребите на контекстот кој постојано се менува“, додаде Кабалерос.

(Denar.mk)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -