Бил Гејтс донираше нови 70 милиони за развој и дистрибуција на вакцини против КОВИД-19

- Advertisement -

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс го зазеде првото место во глобалните напори за дистрибуција на вакцини против КОВИД-19 со донацијата од 70 милиони долари за развој и дистрибуција на вакцини, се вели во нивната објава за медиумите. Фондацијата на семејството Гејтс ја финансира и вакцината на Pfizer, која во првите резултати од клиничките тестирања покажа 90% ефикасност.

Нивната најнова донација од 50 милиони долари оди за меѓународната инцијатива COVAX, која настојува да се осигура дека 92 земји со ниски и средни примања имаат пристап до експериментални вакцини. Останатите 20 милиони долари ги донираа за Коалицијата за епидемиолошка спремност, која би требало да го стартува развојот на дополнителни серии од потенцијалните кандидати за вакцина.

- Advertisement -

Бил Гејтс до неодамна најмногу се залагаше вакцината против корона вирусот да се развива што побрзо, но од неодамна неговата фондација се концентрираше на развојот на втората генерација од вакцините против КОВИД-19, а Гејтс тврди дека таа втора генерација на вакцини ќе има поголем потенцијал за масовно производство, температурна стабилност и поевтино производство.

Гејтс пред неколку дена изјави дека до втората генерација вакцини има уште долг пат, но уште во октомври годинава сугерираше дека богатите земји може да се вратат во нормала до крајот на 2021 година.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -