Xiaomi продолжува да експериментира со камерите на телефоните. Претходно годинава покажа селфи камера која се наоѓа под екранот и беше една од првите компании кои претставија сензор од 108 мегапиксели. Нивниот телефон Mi Mix 3 дури има и екран кој се лизга и позади него се наоѓа сензорот на задниот панел. Овој пат компанијата работи на сериозна технологија во малото тело на телефоните. Оттаму на Twittr објавија два концепти – камера која се собира како на фотоапаратод 120 mm и друга телемакро од 50mm.
Во видеото кое го објавија на Twitter, Xiaomi откри телефон со камери на задниот дел, и видео снимено од поблиску на кое се гледа како камера се отвора и се собира назад во телефонот. Од Xiaomi изјавија дека концептот е инспириран од традиционалните дизајни на фотоапарат и е оптимизиран со подобар стабилизатор за подобри портрети и фотографии при слабо осветлување.
Компанијата објави и видео на кое се гледа како би функционирала телемакро леќата. Таа на фотографите со паметен телефон би им овозможила чисти фотографии, со светли бои. Телемакро е 2-во-1 телефото и макро леќа која зумира одблиску и овозможува фокусирање. Нема официјална најава од Xiaomi кога овие иновативни проекти би се нашле во продажба.
(EnGadget)