После пет години бесконечни бесплатни фотографии со висок квалитет, Google одлучи да воведе ограничување. Компанијата ќе воведе максимална меморија од 15 GB клауд по профил, а правилото ќе почне да се спроведува од 1 јуни 2021 година.
Исто така, Google ќе почне да ги брои и документите во Google Workspace, документите и другите ситници на кои би можеле да заработат повеќе пари. За крај, ќе воведe и бршење на документите и податоците на сите профили кои не се пријавиле во текот на последните две години.
Сите документи и фотографии кои корисниците ги складирале на серверите на Google пред 1 јуни нема да се сметаат во тие 15 GB. Оваа одлука на Google се очекуваше веќе некое време затоа што во максималната меморија Google веќе ги пресметува фотографиите со поголем квалитет ои исто така се намалени за да зафаќаат помалку простор.
За да продаде повеќе телефони Pixel, Google во тие 15 GB нема да ги смета висококвалитетните фотографии симнати на нивниот смартфон. Компанијата во своја одбрана го споменува Apple iCloud, кој нуди 5 GB простор и фактот дека 80% од корисниците нема да ги пополнат тие 15 GB простор за фотографии во наредните три години од воведувањето на правилото. Ако се приближите до пополнување на тие 15 GB, Google ќе се извести навремено.
Се претпоставува дека промената е направена за поголем број луѓе да почнат да го користат Google One, услугата која вклучува и бесплатен VPN за Android ако платите повеќе. Од Google објаснуваат дека во нивниот систем веќе имаат купишта фотографии и таа услуга ќе мора некако да се одржува. Што се однесува на цената почетната цена за услугите е 1.99 долар месечно за 100 GB, 2.99 долари за 200 GB, 9.99 долари за 2 TB и најскапата е 149.99 долари меечно за 30 TB.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: InkFloral)