Јапонија воведе задолжително спиење на работа

- Advertisement -

Јапонските работодавци и Министеството за здравство воведоа задолжителен половина час одмор, кој ќе служи само за спиење на работа и тоа рано попладне. Поради тоа што Јапонците „прегоруваат“ на работа и трошат многу саати работејќи, се повеќе истражувања покажуваат дека тие стануваат неефикасни поради поспаност и дека тоа ги чини компаниите вкупно 138 милијарди долари годишно.

Поради тоа здружението на работодавци донесе одлука за воведување половина час за спиење, но и соби во кои ќе може да се одмора половина час. Nextbeat, јапонска ИТ компанија, веднаш ја прифати таа идеја и за своите вработени намести две соби, за кои велат дека се стратешки спални сби.

- Advertisement -

Собите се опремени со уреди за блокирање бучава, кревети и софи, а забранети се мобилните телефони, таблетите и лаптопите. Иако на остатокот од светот тоа им изгледа необично, Јапонците за тој потег имаат добро оправдание.

Според најновото истражување спроведено во 28 земји во светот, Јапонците спијат најкратко – во просек 6 часа и 35 минути. Тоа е дури еден час помалку од Финска, Канада, Белгија и Франција.

- Advertisement -

(CdM)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -