САД одобрија бесплатен лек за корона вирусот

- Advertisement -

Американските здравствени власти дозволија итна употреба на антитела за помош на имунолошкиот систем во борбата против корона вирусот. Станува збор за експерименталниот лек со кој беше третиран претседателот Доналд Трамп минатиот месец, кога беше заразен со корона вирусот.

Управата за храна и лекови на САД ја одобри употребата на лекот на Regeneron Pharmaceuticals Inc за лекување на пациенти со благи и умерени симптоми за да се спречи развој на болеста и хоспитализација.

- Advertisement -

Лекот се дава како еднократен третман интравенозно. Управата за храна и лекови ја дозволи неговата употреба кај возрасни и деца постари од 12 години, кои имаат најмалку 40 кг, како и за ризични пациенти.

Од компанијата Regeneron соопштија дека почетните дози ќе бидат достапни за околу 300.000 пациенти преку програмата за распределба на сојузните влади. Пациентите нема да го плаќаат лекот, но можеби ќе мора да ги сносат трошоците за интравенозната терапија.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -