Успешно заврши првата обука во Академија Винчини

- Advertisement -

Академијата Винчини е создадена со цел да ги развие вештините на професионалците и младите нудејќи им можност за едукација, обука и лидерски развој. Партнерите на Академијата, Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и консултантската компанија PrimePoint Partners Macedonia се горди што се дел од Академијата, со која ќе се развиваат човечките ресурси на Макпрогрес и регионалните компании.

Академијата ќе биде сместена во нова зграда и ќе стане дом на четири иницијативи: центар за истражување и развој, програма за технички обуки, програма за менаџмент и програма за бизнис акцелерација. Нашата визија е создавање на најквалитетни програми за надградба на вештини во регионот.“ – изјави Глигор Цветанов, извршен директор во Макпрогрес на завршната церемонија на првата обука за специјалисти за машини.

- Advertisement -

„Ние сме многу задоволни што го видовме успешното завршување на првиот курс и сакаме да им честитаме на обучувачите и учесниците за успешно завршување на оваа обука, што придонесе за унапредување на нивните технички вештини. Ние сме многу среќни што можеме да го поддржиме нашиот клиент Макпрогрес со оваа иницијатива, бидејќи мандатот на ЕБОР не е само да обезбеди финансиска поддршка за приватните компании, туку и да ги поддржува со проекти со додадена вредност од кои немаат корист само клиентите, туку и пошироката заедница и регионот, во целина. Се надеваме дека таквата иницијатива ќе ја повторат и другите инвеститори од приватниот сектор во земјата.“ –  изјави Анди Аранитаси, Претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

 „Создаваме вредност за вработените во Макпрогрес, регионалните компании, локалните невладини организации, добавувачи, средни училишта и универзитети, бидејќи ќе се развиваат партнерства, стипендии и можности за старт-ап фирми; што ќе води кон создавање регионален едукативен хаб“. – изјави Билјана Марковиќ Стаменова, директор и партнер во PrimePoint Partners.

- Advertisement -

Академијата Винчини опфаќа широк спектар на иницијативи, сите насочени кон обезбедување на нови можности и успеси остварени преку придонесот на Владата на Јапонија, која ја поддржува агендата за инклузивност на ЕБОР во многу земји каде што е присутна Банката. Со плановите за формирање на новата Академија и нејзиниот центар следната пролет и се надеваме дека ќе бидете присутни на церемонијата на отворање на овој настан.

Сподели!
- Advertisement -