Истражувач од Оксфорд тврди дека одењето на работа порано од 10 часот наутро е измачување на телото

- Advertisement -

Пол Кели, еден од водечките истражувачи на Универзитетот Оксфорд, смета дека одењето на работа пред 10 часот наутро е мачење на телото и тврди дека тоа е многу лошо за менталното здравје. „Нашиот циркадијален ритам или внатрешниот биолошкки часовник пред 55-тата година од животот не е синхронизиран со вообичаеното работно време од 8 или 9 до 14 или 17 часот. Тоа претставува сериозна опасност за продуктивноста, доброто расположение и менталното здравје“ порачува Кели.

Тој додава дека станувањето рано наутро и одењето на работа пред 10 часот претставува еден вид на измачување и има негативно влијание на природната рамнотежа на организмот. Кели тврди дека на почетокот на 20-тиот век, кога е воведен осумчасовниот работен ден, никој не мислел на природниот човечки часовник и истакнува дека тоа влијае на физичките и на емоционалните перформанси на системите и на тој начин му штети на нашето тело.

- Advertisement -

Кели е уверен дека ефектите од работата би биле многу подобри ако напревиме едноставни промени во времето кога доаѓаме на работа и кога завршуваме со работа. Една британска школа ја тестираше теоријата на Кели и почетокот на наставата го помести за 10 часот наутро. По некое време оценките на учениците се поправиле, а исто и нивната присутност и општата продуктивност.

Сподели!
- Advertisement -