Наградата “Маж со најголем придонес во општеството” отиде во рацете на сите медицински работници

- Advertisement -

Оваа година која е навистина тешка за сите нас, и која ни го промени нормалното живеење, одлучивме едно признание да го доделиме не само на еден човек, туку да го доделиме на многу повеќе.

Наградата за Маж на годината со најголем придонес во општеството за 2020, оваа година отиде во рацете на оние кои неуморно се борат веќе 9 месеци со невидливиот противник, и кои со месеци се под постојан притисок.

- Advertisement -

Наградата отиде во рацете на СИТЕ МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ. Ја заслужуваат максималната поддршка од сите нас. Благодарност за Виктор Исјановски директор на Здравствен дом Скопје и Милица Бубало раководител на Брзата помош кои во име на сите медицински работници ја подигнаа оваа награда.

Сподели!
- Advertisement -