Сингапур има нов иновативен начин на дизајнирање на зградите – природата ја става во фокусот на конструкцијата. Таквиот пристап се вика биофиличен дизајн. Бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни и поздрави кога се чувствуваат поблиску до природниот свет.
„Поентата на биофиличниот дизајн е да дизајнираме така што ја воведуваме природата во срцето на градот“ вели Тан Шао Јен, претседател на Одборот на архитекти на Сингапур.
Биофиличната зграда е обид да се заменат прозорците, ѕидовите, столбовите со лисја и кора, со птици и со инсекти. Болницата Ко Тек Пуат е најбиофиличната болница во Азија, на чија надворешност растат над 700 домородни растенија, а пациентите тврдат дека побрзо оздравуваат затоа што се опкружени со природа.
„Конектирањето со природата има бенефити затоа што мислам дека станува збор за комбинација од физиолошко и психолошко здравје. Свежиот воздух и природната светлина му помагаат на телото да генерира витамин Д. Пациентите кои престојувале во болницата Ко Тек Пуат исто така велат дека има чувство на мир и многу помалку стрес. Притоа, тие примале многу помали дози аналгетици“ вели Шао Јен.
Во Сингапур местото не се мери со квадратни метри туку со количината природа што ја има таму. Архитектите во Сингапур си задале задача да видат дали можат да го заменат целото зеленило во градот, па дури и да го надминат со градење биофилични згради. Досега најголем нивни успех во тој поглед е хотелот Oasia Downtown Hotel каде што на зградата има 11 пати повеќе зеленило отколку кога истата таа површина би се искористила за парк.
Дури и кога само 10% од новите згради би содржеле 1000% зеленило би можеле да создадат толку зеленило што ќе биде еднакво како целата површина од градот да е покриена со зеленило, велат архитектите.
Биофиличниот дизајн може да помогне да се намали стресот и анксиозноста, додека некои истражувања тоа го поврзуваат со недостиг на природа во нашите животи. Како човечки суштества ние сме се развиле во природа, па затоа животот во град не е природен за нас и предизвикува многу физиолошки и психолошки проблеми.
Биофиличниот дизајн исто така помага градовите да одиграат значајна улога во обновувањето на природата и биодиверзитетот. Биофиличната архитектура има битна улога во урбаната екологија така што создава можности за побогат и поразновиден екосистем.
(World Economic Forum)
(фото: Pikrepo)