Северна Кореја тренира делфини за воени цели

- Advertisement -

Нови докази укажуваат на тоа дека Северна Кореја користи делфини во воени цели, како што прават САД и Русија. Северна Кореја е една од најзатворените земји во светот, но новите информации покажуваат дека работи на тренирање на делфини во воени цели.

Американскиот институт ISNI објави дека сателитски снимки покажуваат како делфините пловат и пливаат многу блиску до воени бродови и бродоградилишта. Некои фотографии датираат од 2015 година, но се разликуваат во однос на оние кои настанале минатата и оваа година.

- Advertisement -

Изгледа дека постојат две програми за делфини во базите, а во една од нив делфините се одгледуваат. Постојат затворени и отворени базени во кои јасно се гледаат делфини. Иако звучи малку чудно, делфините навистина се користат во воени цели. Американската морнарица прва ги воведе во служба, исто како и морските лавови. Овие цицачи морнарицата ги користи за откривање мини и непријателски пливачи.

Русија исто така користи слични методи, а очигледно сега им се приклучува и Севeрна Кореја. Нема официјална потврда, но и тешко е да се верува дека се работи за обична „фарма“ за риби затоа што оваа локација се разликува од нив. Од друга страна, доста е слична на руските и на американските локации за тренирање делфини во воени цели.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -