Холандски стартап користи еден од најголемите светски проблеми за да реши друг проблем. Имено, мисијата на стартапот е да направи евтини домови од 100% целосно рециклирана пластика. На тој начин ќе помогне да се исчисти пластиката од океаните и истовремено ќе обезбеди кров над глава за милиони сиромашни семејства во светот.
Од 1950 година наваму повеќе од 9 милијарди тони пластика се произведени на глобално ниво, од кои само 9% се рециклирани, покажуваат резултатите на истражувањето на технолошкиот стартап Othalo, а речиси една милијарда луѓе живеат во мизерни услови.
Норвешкиот стартап склучи партнерство со Програмата на Обединетите нации за човечки населби и одржлив урбан развој UN-Habitat, за креирање домови за решавање на проблемот со немањето домови во Африка.
„Само во Супсахарска Африка потребни се 160 милиони евтини домови“, велат од Othalo.
Се очекува дека тој број ќе порасне на 360 милиони до 2050 година како резултат на забрзаната урбанизација. Но, со денешниот пластичен отпад Othalo верува дека може да направи повеќе од 1 милијарда домови.
Идната година првата фабрика која ќе произведува елементи за тие пластични куќи ќе биде изградена во Кенија. Од UN-Habitat велат дека околу 60% од луѓето кои живеат во урбани делови од Африка живеат во неформални населби. Истовремено, од 1990 до 2017 година африканските земји увезле 230 метрички тони пластика која најчесто завршува на депонии и претставува голем предизвик за животната средина.
Од UN-Habitat велат дека целта на партнерството со Othalo е да се промовираат адекватни, одржливи и евтини домови за сите. Еден процес на избработка на Othalo вклучува дробење на пластичниот отпад и мешање со други материјали, вклучувајќи и незапалливи материјали. Компонентите потоа се користат за правење на четири подови. Еден дом направен од рециклирана пластика со површина од 60 квадратни метри во себе содржи 8 тони рециклирана пластика. Фабрика со една производна линија може да направи 2.8000 такви куќи годишно.
После успешните лабораториски тестови,фабриката на Othalo во Етиопија почна да произведува компоненти за иградбата на три видови домови кои ќе бидат презентирани во главниот град на Кенија, Најроби; главниот град на Камерун, Јаунде и во главниот град на Сенегал, Дакар.
Основачот на Othalo, Френк Като, ја развива и ја тестира технологијата уште од 2016 година во партнерство со SINTEF, независна истражувачка организација во Трондхајм, Норвешка, со искуство од 70 години, како и со експерти од норвешкиот Универзитет Тромсо.
До 2050 година се очекува речиси 7 од 10 луѓе да живеат во урбани средини. Повеќе од 90% од тој раст ќе се случи во Африка, Азија, Латинска Америка и на Карибите.
„Во отсуство на ефективно урабно планирање, последиците од таа забрзана урбанизација ќе бидат драматични“, предупредуваат од UN-Habitat.
(World Economic Forum)
(фото: YouTube screenhsot)