Студенти од Јужна Африка направија еко тули од човечка урина

- Advertisement -

Иако уште не се измислени лекови за толку многу сериозни болести, научниците или оние коишто допрва треба да станат научници успеваат да пронадјат начини да ги изненадат светот. Така, група студенти од Јужна Африка направија тули од човечка урина.

Студенетите тие тули ги викаат биотули. „За да се направи нешто од материјали кои инаку би пропаднале или не би се искористиле како што треба трикот е во начинот на размислување“ вели д-р Дилон Рандал, супервизор на студентскиот проект на Универзитетот Кејптаун.

- Advertisement -

Ова се првите тули во светот направени од човечка урина. За да се направи една ваква биотула потребни се 30 литри урина. Една просечна личност уринириа по 300 милилитри урина при одење во тоалет, така што за да се соберат 30 литри се потребни многу посети во тоалетот или многу кандидати.

Сподели!
- Advertisement -