Нов извештај откри вчудовидувачки факти за емисијата на јаглерод диоксид во светот. Имено, најбогатите 1% луѓе во светот се одговорни за речиси дупло поголема емисија на јаглерод диоксид отколку најсиромашната половина од светската популација.
Извештајот ја анализира емисијата на различни општествени групи во периодот од 1990 до 2015 година, што е критичен период кога луѓето ја дуплираа количината јаглериод диоксид испуштена во атмосферата.
Најбогатите 10% во тој период испуштиле повеќе од половина (52%) од емисијата на стакленички гасови, а најбогатите 1% биле одговорни за 15% од вкупната емисија. Во периодот од 1990 до 2015 година најбогатите 10% потрошиле една третина од дозволената квота за емисија на CO2, а најсиромашните се одговорни за само 4% од таа емисија.
Карбонскиот буџет или квота се однесува на количината јаглерод диоксид која може да се испушти во атмосферата без да се зголемат глобалните температури над границата од 1,5 степени Целзиусови, што беше договорено на Парискиот климатски договор.
Новиот Oxfam извештај, наречен „Соочување со карбонската нееднаквост“ (Confronting Carbon Inequality), ги сумира резултатите од истражувањето кое го направл стокхолмскиот Институ за животна средина. Извештајот се појавува во пресрет на Генералното собраните на ОН, каде што ќе се дискутира за различни глобални предизвици со кои се соочува човештвото.
Се верува дека карбонската емисија забрзано ќе почне да се зголемува по завршувањето на пандемијата и укинувањето на карантините, па тие останатие 1,5 степени Целзиусови коишто ни остануваат ќе бидат целосно надминати до 2030 година. Дури и ако Eемисијата на јаглерод диоксид сега се сведе на нула, нееднаквоста прикажана во извештајот е толку есктремна што најбогатите 10% ќе го потрошат карбонскиот буџет до 2033 година.
(Unilad.co.uk)
(фото: Pixabay)