Земјата се загрева десет пати побрзо од нормално

- Advertisement -

Ноември годинава беше најтоплиот месец досега забележан на нашата планета, а во Европа е евидентирана најтоплата есен. Тоа се алармантните податоци од извештајот на Службата за климатски промени на Европската унија Коперникус. Овие податоци беа објавени вчера, во пресрет на годишнината од потпишувањето на Парискиот договор за климатски промени.

Според тоа, 2020 година по температурите се приближи до најтоплата година забележана досега, а тоа беше 2016 година. За споредба, на глобално ниво годинашниот ноември беше за 0,77 степени Целзиусови потопол во однос на просечната температура во референтниот период од 1981 до 2000 година и е за 0,1 степен Целзиусови потпол отколку во 2016 и 2019 година, кога беа евидентирани рекордни температури за ноември.

- Advertisement -

„Штом се поставуваат вакви рекорди во температурата, тогаш јасно е дека целиот свет се загрева“ вели Зеке Хаусфадер, климатолог и директор за клима и енергија во Институтот Брејтру, истражувачки центар за околина.

Најголемата натпросечна температура е забележана во Северна Европа, Сибир и на Антартикот, каде што поради драстичното топење на морскиот лед беше евидентирано најниското ниво во ноември досега.

- Advertisement -

Значително повисоки температури од просечните беа забележани и во САД, Јужна Америка, Јужна Африка, на Тибетската висорамнина, на источниот дел од Антарктикот и во поголем дел од Австралија.

Планетата реагира на најголемото ниво на јаглерод диоксид во атмосферата, а експертите сметаат дека во нормални услови нивото на СО2 во атмосферата флуктуира, но моменталната ситуација воопшто не е таква. Земајќи ги предвид претходните години, Земјата ни приближно не се загревала толку. Тој податок НАСА го забележа врз основа на претходните климатски извештаи.

- Advertisement -

„Овие климатски докази ни откриваат дека моментално загревањето се случува 10 пати побрзо од просечната стапка на загревање. Јаглерод диоксидот од човечките активност расте за повеќе од 250 пати отколку што се случувало во природниот процес во атмосферата“, се вели во соопштението на НАСА.

Според податоците на Светската метеоролошка организација, глобалната температура од јануари до октомври била за 1,2 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустрискиот период. Без оглед на температурите кои ќе бидат измерени до крајот на годинава, оваа деценија ќе биде забележана како најтоплата досега. Покрај тоа, треба да се води сметка дека шесте најтопли години откога постои мерење се забележани од 2015 година досега.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -