Додека НАСА планира враќање на Месечината и мисијaта Артемис вза 20204 година, плановите на Илон Маск и неговата компаанија SpaceX се многу поголеми и веќе се фокусирани на Марс. Неговите размислувања на Црвената планета и општо за луѓето како интерплантарна раса се добро познати.
Ставот на Маск за Марс не можеме да го наречеме оптимистичен и првите луѓе на Марс веројатно ги очекува дури за 6 години. Но, не мисли да застане на тоа и вели дека со оглед на тоа дека Марс е вистинската планета, очекува дека таму можеме да создадеме вистинска цивилизација.
За сето тоа да не остане само на зборови, SpaceX веќе некое време го развива и го тестира леталото со кое има намера да го освои Марс. За потсетување, кога претходно зборуваше за Марс и за населување споменуваше дека до 2050 година на Црвената планета ќе може да живеат дури 1 милион луѓе. Што се однесува на неговите приватни вселенски планови, вели дека за 2-3 години отсега и самиот ќе појде во вселената.
Патувањето на Марс може да биде вистинска авантура и една од највозбудливите работи кои се случиле, ако притоа не погинете. Маск зборува и за влијанието на вештачката интелигенција врз луѓето, а посебно предупредува дека мора да бидеме внимателни со развојот на вештачката интелигенција и кој и како ја користи и ја контролира, односно дали тоа ќе биде во интерес на човештвото. Но, посебно интересен е неговиот одговор на прашањето дали во иднина машините ќе им служат на луѓето или можеби ситуацијата ќе биде обратна.
„Понекогаш кога ќе погледнам луѓето цело време се на своите телефони и се прашувам кој кому е господар. Иако луѓето чувствуваат дека ги поседуваат своите телефони, можеби сепак треба да се запрашаат дали телефоните можеби управуваат со нив“ вели Маск.
Сепак, во однос на луѓето и вештачката интелигенција не треба да се гледа како на црно-бела ситуација. Како и повеќепати досега, Маск вели дека една од опциите е симбиоза на луѓето и машините. Од таквата симбиоза заедничка корист може да има и дигиталната и биолошката интелигенција. На поврзувањето на дигиталното и биолошкото работи токму Маск со својата компанија Neuralink.
(Business Insider)
(фото: Flickr)