Државното собрание на Кина најави дека земјата ќе развива систем за модифицирање на временските услови до 2025 година. Системот за модифицирање на временските прилики ќе покрива 5,5 милиони квадратни километри и ќе може да произведе вештачки дожд, додека на подрачјето од 580.000 квадратни километри ќе спречува појава на град.
До 2030 година оваа технологија треба да биде достапна ширум светот. Ова не е прв пат Кина да си „игра“ со времето. Во текот на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година Кина си „поигра“ со облаците со цел да спречи да заврне дожд во текот на церемонијата на отворање на игрите. Целта била церемонијата да се одржи во што подобри временски услови.
За таа цел биле испрскани супстанции во воздухот кои служеле како кондензатор за облаци. Овие супстанции, познати и како ледени јадра, ги менуваат микрофизичките процеси во облаците. Крајниот резултат се дождовни капки или снегулки.
(Klix.ba)
(фото: Pikist)