Првиот виртуелен Macedonian Manufacturing Expo 2021 заврши успешно

- Advertisement -

Четвртото издание на Macedonian Manufacturing Expo 2020 – The Virtual Edition се одржа од 24 до 26 ноември 2020 година. Ова е најголемиот бизнис настан за лесно преработувачката индустрија (преработка на метал, гума, пластика, електро-електронска индустрија) кој има за цел на едно местo да се поврзат македонските компании од наведените индустрии со купувачи од Европската Унија, како и со странските директни инвеститори во земјава, со цел остварување заедничка бизнис соработка.

Macedonian Manufacturing Expo 2020- The Virtual Edition го организира МАМЕИ- Македонската асоцијација на метална и електро индустрија и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.  Настанот е поддржана  од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и Амбасадата на Кралството Холандија.

- Advertisement -

По повод неодамна завршениот настан разговаравме со Гоце Пешев, извршен директор на МАМЕИ.

Годинава за првпат вашиот настан го одржавте онлајн. Колку сте задоволни? Koja e вашата генерална оценка и каква беше посетеноста?

- Advertisement -

Точно така. Заради КОВИД 19 ситуацијата, забраната за патувања и организација на големи настани со директен контакт меѓу учесниците,  Macedonian Manufacturing Expo 2021 за првпат се оддржа виртуелно. Сепак оваа е негово четврто издание, успеавме да одржиме континуитет и да организираме успешен бизнис настан. Нашата цел беше да го понудиме истиот квалитет и содржина од претходните години, само на виртуелна платформа. Иако ништо не може да го замени директниот контакт меѓу учесниците, морам да кажам дека сум задоволен – особено во контекст на сите проблеми со кои и ние, сите наши партнери, и целата индустрија се соочувавме и се соочуваме оваа година, сметам дека успеавме во нашата цел да организираме и одржиме успешен настан. Но, исто така, свесни сме на кои се начини можевме дополнително да го подобриме Macedonian Manufacturing Expo 2020, и веќе работиме на тоа тие подобрувања да ги реализираме на Macedonian Manufacturing Expo 2021.

Лично јас како проект менаџер на овој настан влегов со очекувања кои, да бидам искрен,  би се нарекле претпазливи, – во најголем дел поради фактот што Macedonian Manufacturing Expo за првпат требаше да одржи виртуелно.  За среќа, посетеноста на едукативните панели и виртуелниот саем кои беа дел од овој настан значително ги надминаа моите очекувања, и повторно го афирмираа интересот на македонските компании за вакви содржини, а со тоа и потребата за настани од овој вид. И секако, можеби најважниот дел, а тоа се директните Б2Б средби меѓу македонските и регионални компании со купувачи од Европската Унија, како и странските директни инвеститори во земјата.

- Advertisement -

Колку електро-металната индустрија е погодена од Корона кризата? Какви се оценките на субјектите?

Кризата произлезена од пандемијата на вирусот covid-19 значително го погоди лесно-преработувачкиот индустриски сектор. Евидентно е и од официјалните статистички показатели во земјата дека имаме пад на индустриското производство, како и пад на извозот. Сепак, според нашите согледувања, како и фидбекот што го добиваме од некои од нашите партнери во Германија, во 2021 година претстои период на стабилизација и полека враќање на бизнисот во некоја нормала. Иако целосно закрепнување и раст на секторот би можеле да очекуваме дури во 2022 година. Многу е важно во наредните две години државата да застане силно позади компаниите, особено извозно ориентираните компании, и да им ја даде потребната поддршка за да можат да бидат конкурентни на европските пазари. Наредните неколку години, покрај директната конкуренција, нашите компании ќе треба да се борат и со програмите за поддршка на бизнис секторот на земјите од кои потекнуваат овие компании,  тоа се земји кои се финансиски многу помоќни, а голем дел од нив ги уживаат и директните инструменти на поддршка на Европската унија. Притисокот ќе биде многу поголем, но очекувам дека квалитетот ќе го направи своето и дека нашите компании ќе се изборат за своето место во тековните, но и нови ланци на добавувачи во Европа.

Што произлезе како главна порака и препорака?

Ако треба да издвојам една главна порака од цел овој процес – од моите лични искуства и искуствата на целиот тим, како и искуствата на големиот број компании со кои имавме редовен контакт во текот на целата година – тоа ќе биде потребата од адаптирање на новите услови, специфично адаптирањето кон новите модели на комуникација и поврзување, како единствениот начин на одржување на оваа индустрија во живот во услови како сегашните и обезбедување на услови за нејзин раст. Треба да се надеваме дека во 2021 година ќе се врати донекаде нормалниот тек на водење на бизнис, патувања и директна комуникација со нашите партнери и клиенти, но и да бидеме подготвени и прилагодени на новиот начин на водење на бизнис.

Еден од вашите заштитни знаци се B2B средбите со странски клиенти, кои беа достапни и годинава преку интернет. Каков беше интересот? Беа ли успешни истите?

Б2Б средбите меѓу домашните добавувачи и странските клиенти се сржта на овој бизнис настан и нешто по што тој станува препознатлив и на регионално ниво.

Оваа година се соочивме со поголем предизвик во однос на изминатите години, што беше и очекувано, а тоа е комуникацијата со компаниите, како во земјата и регионот, така и во Европа. Интересот за бизнис средбите повторно беше висок, што нас не радува многу затоа што за прв пат најголем дел од компаните се среќаваат со ваков начин на учество на бизнис настани. Иако бројката на учесниците беше помала во однос на минатата година, што е очекувано особено од страна на компаниите од регионот, не радува што успеавме да донесеме голем број на компании од Европската Унија, заинтересирани да се запознаат со капацитетите на македонските производители. Кога на ваков настан учествуваат светски познати компании како Makia од Јапонија, Hydac, Battenfeld-Cincinnati, Elastomer Solutions од Германија, како и најголем дел од странските директни инвеститори во земјата, тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.  Помеѓу сите проблеми со кои се соочуваат компаниите како последица на пандемијата на вирусот covid-19 и неможноста за одржување на состаноци во живо, намалениот број на компании-учесници беше нешто што очекувавме уште кога ја донесовме одлуката Macedonian Manufacturing Expo 2020 да се одржи виртуелно, наместо целосно да се откаже. Сметавме дека е од особена важност да не чекаме ситуацијата да се подобри, туку да го најјдеме најоптималното решение да им помогнеме на нашите компании да оствараат нови бизнис контакти и мислам дека успеавме во тоа.

 Но, важно е да се напомене дека и покрај бројка тешката ситуација, и оваа година голем број на македонски компании ја препознаа вредноста на еден ваков настан и можностите кои ги нуди остварувањето на директни контакти со потенцијални купувачи – особено воочи ударот кој оваа пандемија претставуваше за нив. На ММЕ 2020 имаше повеќе од 220 однапред договорени средби во директниот Б2Б дел што е огромен успех, а секако тука се и бизнис средбите во саемскиот дел, како делот за вмрежување на учесниците меѓу себе.

Во однос на успехот на самите средби е се уште многу рано да се оцени, затоа што вообичаено помеѓу остварувањето на првиот контакт и започнувањето на соработката помеѓу две компании во оваа индустрија поминуваат барем неколку месеци. Следствено, иако единствените коментари и реакции кои засега ги добивме од компаниите беа позитивни, ќе бидам скромен и ќе го оставам оценувањето на успехот на бизнис средбите за во иднина, кога ќе можеме истиот и да го квантифицираме подобро преку анализа на остварените извозни зделки и соработка.

Сподели!
- Advertisement -