Oд 18 декември до 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 18 часот?!

- Advertisement -

Со цел да се избегне ширење на корона вирусот и зголемување на бројот новозаразени случаи во престојниот период на празници, Комисијата за заразни болести во текот на денешниот ден ќе препорача до Владата во периодот од 18 декември до 21 јануари нови рестриктивни мерки, меѓу кои и угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

„Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти“ изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

- Advertisement -

Освен ова, Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот. Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

Предлог на Комисијата е исто така да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.

- Advertisement -

„Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба“ вели министерот Филипче.

Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во престојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците.

Сподели!
- Advertisement -