Лиза Барнет верува дека во иднина ќе има вистинска гужва од брендови. „Ќе биде скапо да привлечете корисници, па како ги наерате луѓето да е грижт за вашиот бренд?“ вели таа. Лиза е соосновач и претседател на старапот Little Spoon, кој прави оброци за деца и бебиња. За еден бренд да се истакне помеѓу другите мора да инспирира стратст кај луѓето. „Тоа е во коренот на мисијата и основа за менување на реалноста која не ве усреќува“ додава Лиза.
Еве како да ги натерате консументите да се чувствуваат како да имаат инвестирано нешто во вашиот бренд.
Идентификувајте го непријателот.
Секое движење има некаков непријател. Брендовите треба да го најдат својот непријател, било да е тоа конкурент, индустрија или парадигма. Кога ја лансирале Little Spoon launched, на пример, тоа го направиле со слоганот „Нема повеќе стара храна за бебиња“. „Не сакате луѓето да мора да нагаѓаат за што се залагате, па затоа непријателот е одличен начин да го визуелизирате проблемот за луѓето“ вели Барнет.
Јасно истакнете ги своите ставови.
Промовирајте ги своите идеи исто колку и производите. Можете тоа да го направите со есеј кој ќе го објавите на вашиот сајт. Lululemon е класичен пример за тоа. Тие напишаа манифест кој вклучува фрази како „пријателите се побитни од парите“ и тоа ги испечатија на хартиени торби. „Тоа беше начин за луѓето да почнат да ја поврзуваат таа филозофија со брендот“ вели Барнет.
Изградете свој пат.
Супер фановите не се создаваат, тие се култивираат и негуваат. „Дајте им на луѓето мали, едноставни начини за да се ангажираат и тие постепено ќе стануваат се поблиски до вас и вашиот бренд“ вели Барнет. Little Spoon, на пример, лансираше онлајн платформа насловена “Is This Normal?,” (Дали е ова нормално?), каде што родителите можат да добијат одговори на прашањата кои најмногу ги интересираат. Колку повеќе можности создавате за да ги ангажирате луѓето, толку поприврзани ќе бидат тие со брендот и ќе почнат да им кажуваат на други луѓе. „Со тек на време тоа ќе стане вашиот маркетиг канал. Тие луѓе ќе се залагаат за вас и тоа е главната цел“ објаснува Барнет.
(Entrepreneur)
(фото: Picpedia)