Катар отвори стадион само за гледачи кои се негативни на КОВИД-19

- Advertisement -

Во Катар вчера беше инаугуриран нов стадион изграден за Светското првенство во 2022 година со 20.000 гледачи, кои сите мора да бидат негативни на тестирањето на корона вирусот. Стадионот е отворен за финалето на локалниот натпервар Емиров куп, во кој се најдоа фаворитот Ал-Сад и поранешниот шпански репрезентативец и и ѕвезда на Барселона, Чави Хернанзез и Ал-Араби.

На стадионот Ал-Рајан, кој може има вкупно 40.000 седишта и се наоѓа на 24 км западно од главниот град Доха, на Светското првенство во 2022 година ќе се играат вкупно седум натпревари – до осминафиналето.

- Advertisement -

На стадионот сега можат да влезат само луѓе кои имаат негативен тест на корона вирусот, а меѓу нив е и катарскиот емир, шеикот Тамим бен Хамад Ал-Тани и шретседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: YouTube Screenshot)

Сподели!
- Advertisement -