Вештачката интелигенција, барем засега, има предности и ограничувања. Додека, од една страна, е супериорна во анализата на големи количини податоци, никако не и лежи предвидувањето на иднината. Имено, авторката Џанел Шнејн употребила моќен алгоритам за создавање текст, GPT-3, за од него да добие еден вид на предвидувања за идниnанта.
За да може да ги види предвидувањата кои ги направил GPT-3 одлучила да го измами. Односно, користела алгоритам кој не добил никакви информации после октомври 2019 година, односно не знае ништо за пандемијата на корона вирусот и се што се случуваше годинава. Во базата податоци му ставила наслови кои можевме да ги читаме во текот на 2020 годна и од системот побарала да ја предвиди иднината, односно да заклучи што ќе читаме во 2021 година.
Резултатите се спектакуларни.
„Кога орхидеите-убијци напаѓаат: Како се појавуваат орхидеите-убијци во дворовите на Американците?”
„Научниците се плашат дека во нашиот Сончев систем влегле вонзмески вселенски ласери“
„Скорпии на темната страна на Месечината”
„Изгубен робот на НАСА за поправка на вселенски бродови оживеа после четири децении“
„Фотографии од Voyager 1: Како изгледа меѓуѕвездениот простор“
Изгледа дека GPT-3 баш и не го сфаќа значењето на некои зборови. Но, можеби ако размислиме што се случи во 2020 година овие наслови воопшто не звучат необично.
(Zimo)
(фото: Atlantic Council)