НАСА сака да испрати роботи кучиња на Марс

- Advertisement -

Ако се остварат плановите на американската вселенска агенција НАСА, роботи кучиња наскоро ќе се шетаат по површината на Црвената планета. Научниците на НАСА и на JPL Caltech развиваат роботи кучиња кои би требало самостојно да се движат по суровите терени на Марс и во подземните пештери. Тимот научници го претстави својот план на 14 декември.

Роботите кучиња Mars Dogs би фунцкионирале на ист начин како роверите.Spirit, Opportunity, Curiosity и Perseverance, но би можеле да прават и многу повеќе од тоа. Четириножните роботи ќе бидат многу агилни и опремени со повеќе сензори за собирање информации. Тие ќе можат да правата виртуелни мапи на подземни тунели и пештери на Марс.

- Advertisement -

Роботите кучиња би можеле самостојно да станат ако паднат или ако се превртат на марсовски терен. Што се однесува на изгледот, тие ќе бидат модицифицирани кучиња на Boston Dynamics. Ќе се викаат Au-Spot и ќе содржат повеќе поврзани сензори со спецфичен софтвер.

Роботите кучиња моментално се во фаза на тестирање, а фокусот е ставен на совладување препреки. Роботот учи како да поминува низ тунели, како да се качува по скали и како да се движат слични роботи.

- Advertisement -

Фото- веб страница на Boston Dynamics

(Klix.ba)

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -