Интерпол предупредува – вакцините против корона вирусот се течно злато на 2021 година, мафијата се спрема

- Advertisement -

Генералниот директор на Интерпол, Јирген Шток, очекува дека со почетокот на мaсовната вакцинација против корона вирусот ќе дојде до драматичен пораст на бројот на кривични дела, односно ќе се зголеми бројот на кражби, провалување и напади во текот на транспортот на вакцините.

Вакцините се течно злато на 2021 година. Тие се нешто највредно што може да се дистрибуира во претстојната година. Мафијата и другите криминални организации веќе се спремни за тоа. Со дистрибуцијата на вакцините драматично ќе се зголеми криминалот“, изјави Шток.

- Advertisement -

Тој наведе дека корона вирусот се прошири од Азија преку сите континенти, а за него следува бран од криминал, односно, како што вели, паралелна пандемија на криминал. Шток додава дека криминалните групи од првиот момент размислувале како можат да заработат на сметка на КОВИД-19.

Додека претходно фалсификуваа лекови, криминалците денес фалсификуваат средства за дезинфекција, антивирусни лекови и заштитни маски“, додаде Шток и предупреди на ризиците кои се очекуваат во текот на масовната вакцинација идната година.

- Advertisement -

(бука.com)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -