Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28% во однос на Одлуката од 21.12.2020 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар.
Намалување за 0,136% има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС.
Од 29.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,701 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 0,386 %, дизелот за 0,765%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за 0,646% и кај мазутот намалувањето е за 0,348%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,272%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 21.12.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,860 | 0,982 |
Австрија | 1,043 | 1,072 |
Бугарија | 0,938 | 0,944 |
Хрватска | 1,186 | 1,215 |
Германија | 1,112 | 1,281 |
Грција | 1,160 | 1,432 |
Италија | 1,304 | 1,428 |
Унгарија | 1,073 | 1,023 |
Словенија | 1,067 | 1,003 |