Конференција за дигитална, зелена трансформација: Мора да реагираме брзо зашто утре можеби ќе биде доцна

- Advertisement -

Конференција за дигитална, зелена трансформација: Мора да реагираме брзо зашто утре можеби ќе биде доцна

Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) – На светот му е потребен рестарт, време е за брза акција. Ако досега бевме качени на воз кој застанува не секоја станица, сега треба да се качиме на брз воз. Мора да носиме брзи, прецизни и јасни одлуки за поздрава и поодржлива економија, што значи и поздрава животна средина, порачаа учесниците на конференцијата „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“.

Како што беше речено на отворањето, ИКТ е една од најзелените индустрии и нејзината задача е да им помогне на останатите „да го фатат чекорот“ зашто последиците од климатските промени се сé поголеми.

- Advertisement -

Една од пораките беше и дека сега, повеќе од кога било, има потреба од промовирање научни методи за да се процени намалувањето и избегнувањето на емисиите на стакленичките гасови со специфични ИКТ решенија во различни сектори, но и да се поддржи зелената дигитална трансформација во енергетиката, транспортот, земјоделството и градежништво со цел забрзување на нивната одржливост.

-Немаме време за чекање. Помина времето кога профитот беше пред се. Ако сакате да успеете во новата, современа економија, мора да размислувате зелено, истакна директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

- Advertisement -

Тој постети дека, покрај 12,5-те милиони евра поддршка за над 267 проекти на домашните компании, Фондот криера и посебен инструмент за развој на иновативни решенија за помало загадување во урбаните средини во што се веќе вклучени осум компании.

Според МАСИТ, ИКТ секторот е клучен играч против климатските промени.

- Advertisement -

-Реалноста е таква кава што е, беснеат пожари, се уриваат температурни рекорди, но и корона пандемијата е вид предупредување кое исто така покажа дека ИКТ е една од водечките индустрии. Сега речиси целата комуникација се одвива онлајн, тоа значи помали трошоци и помалку загадување зашто потребата од патувања е намалена. Постојат различни методи за поддршка на зелената трансформација – да се намалат издувните гасови, особено на јаглерод диоксид. Последната деценија веќе сите станаа сите свесни за глобалното затоплување и предизвиците од климатските промени. Затоа, мора брзо да реагираме зашто утре можеби ќе биде доцна, потенцираа од МАСИТ.

Во земјава има околу 2 000 ИКТ компании кои прават една милијарда евра обрт. Од нив 86 отсто работат за странски фирми и се извозно ориентирани. И фриленсерите работат за големи корпорации. Немаат потреба од движење низ светот или за живеење во друга држава. Лани платата во ИКТ секторот била 1.800 евра бруто, но и натаму бележи раст на месечно ниво. Поради сите овие предности и олеснителни околности, како што беше истакнато, постои тенденција младите да се вратат тука, да работат на туѓи пазари од дома.

Конференцијата ќе се одржува денеска и утре, а ја организираат Фондацијата за претприемачки сервис за млади и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Според учесниците, конференцијата се случува паралелно со Самитот во Глазгов на кој светските лидери се обврзаа до 2050 година да инвестираат 12 милијарди евра за уништување на сите енергенси кои го загадуваат светот.

Сподели!
- Advertisement -