Храната и пијалаците кои се служат во ресторани и кафулиња од први јануари се даночат по новата, повлстена стапка од 10 отсто со искучок на алхохолни пијалоци. Угостителите реагираат дека наместо една даночна стапка, сега имаат три стапки, и тоа 18 отсто данок за алхохолни пијалоци, 10 отсто данок за кетеринг и храната која ја сужат во рестораните, и 5 отсто данок за достава на храна.
Ова според Независната угостителска комора ќе предивика злоупотреби од страна на угостителите кои служат храна, но имаат и можност за достава, со што бараат измени во законското решение.
„Угостителите кои покрај предавањето на храна на лице место и кетеринг услуги ќе сакаат да продолжат да работат со достава на храна и примена на повластената даночна стапка од 5 отсто ќе треба да регистрираат посебни подружници во своите објекти со посебни фискални апарати како би се избегнеле можноста за манипулација и повторна злоупотреба на правото на користење и толкување на даночната политика и од страна на угостителите и од страна на даночните инспектори“, велат од Независната угостителска комора.
„Ова е еден вид на почеток на реализација на овој дел на програмата на Владата и секако дека со континуирана соработка со засегнатите страни а имајќи во предвид фактот дека самите угостители се најмногу оптоварени и на удар од оваа корона криза во иднина ќе ги детектираме останатите нивни потреби и проблеми“, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Намалувањето на данокот на додена вредност од 18 отсто на 10 за ресторанските услуги беше предизборно ветување на оваа Влада. Покрај ова остануваат ветувањата за воведување на данок на луксуз, повторно воведување на веќе укинатиот прогресивен данок, но само доколку добие зелено светло од јавноста, како и ветување за намалување на персоналниот данок на ИТ индустријата.
Фото – Pixabay.com