Ова е првата 3Д печатена двокатна куќа во светот. Изградена е во Белгија со најголемиот 3Д принтер за бетон во Европа. Потребни биле само 15 денa за да се испечати целата куќа, а компанијата што ја напави вели дека искористиле 60% помалку материјал отколку кога би се користеле традиционални методи за градење.
При изградбата на куќата била емитувана 50% помала количина јаглерод диоксид, а куќата е трипати поцврста отколку кога би се градела со тули. Притоа, потребн бил само еден човек кој го следел процесот преку компјутер.
Куќата ја дизајнирал Камр С, центар за иновации и одржливост во градежништвото, а целта била да се поттикне користење на 3Д печатење со бетон во градежништвото.
Во 2019 година во Дубаи беше отворена најголемата 3Д печатена двокатна зграда во светот, која сега се користи како канцелариски простор за градскиот иновациски центар. Дубаи си зададе цел до 2030 година 25% од сите нови градби да бидат 3Д печатени.
Во Франција, пак, Нант експериментира со градење поевтини живеалишта. Имено, едно француско семејство е првото во светот кое живее во 3Д печатена куќа. Многу добротворни организации исто така користат 3Д печатење за обновување на населби погодени од природни катастрофи. Во Мексико, на пример, еден стартап гради едно цело соседство со 3Д печатење. Вкупно ќе бидат испечатени 50 домови за најсиромашните семејства во регионот.
(World Economic Forum)
(фото: Dezeen)