Најголемото научно достигнувања во 2020 година несомнено беше брзиот развој на ефикасните вакцини против корона вирусот. Тоа беше подвиг кој треба да се пофали и да се награди во годините што претстојат. Меѓутоа, далеку од пандемијата на корона вирусот имаше откритија на многу различни полиња, кои се за почитување и чудење во оваа бурна година. Како што ја испративме минатата година, редно е да ги сумираме и достигнувањата во неа. Во 2020 година дознавме многу повеќе за древните цивилизации, како и за видовите кои постоеле пред нас.
Најстариот череп кој му припаѓа на хомо еректус, односно најраните луѓе кои имале пропорции на телото слични на хомо сапиенс, пронајден е во парчиња во археолошкото наоѓалиште Дримолен. Черепот е на дете на возраст од 2-3 години, а датира од 1,95 до 2,04 милиони години. До ова откритие најстариот фосил на хомо еректус потекнуваше од Дманиси во државата Грузија и беше стар 1,8 милиони години.
Генетичари успеаја да секвенционираат гени и орални микроби на последната личност која џвакала брезова смола, а живеела пред 5.700 години во денешна Дансла. Тоа е прв пат човечкиот генетски материјал успешно издвоен од нешто што не се човечки коски.
Окритието на фрагменти од предиво старо над 41.000 до 52.000 години, замотано околу тенок камен алат, покажа дека неандреталците разбирале основни концепти за изработка на ткаенина и сугерира дека можно е да произведувале вреќи, простирки, мрежи, ткаенина, замки, кошари, па дури и пловни објекти.
Понатаму, цртеж пронајден во Индонезија, на кој е прикажана сцена на лов, според експертите, го менува начинот на кој гледаме на раните човечки сознанија. Имено, тој цртеж се смета за најстарата уметност на камен создадена од луѓето.
Научници открија докази за најстариот предок на семејното стебло, кој ги вклучува и луѓето и поголемите животни. Суштеството кое наликува на црв живеело пред 555 милиони години и претставува еволуциски чекор напред за раниот живот на Земјата.
Беа откриени и најцврстите материјали досега пронајдени на Земјата. Тоа беа ретките примероци од прашина од меѓуѕвездената вселена кои со себе ги донел метеорит кој пред 50 години паднал на Земјата. Нашето сонце е старо околу 4,6 милијарди години, што значи дека оваа ѕвездена прашина постоела многу поодамна отколку Сонцето или сончевиот систем.
Австралиски научници, пак, во октомври пронајдоа уште едно вчудовидувачко откритие. Додека го мапирале морското дно на брегот на Квинсленд тим научници од Институтот за океани Шмит наиде на нов вертикален корален гребен во водите со димензии од 500 метри. Тоа е првиот одвоен гребен во океанските длабочини после повеќе од 120 години.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)
(фото: )