- Advertisement -
Блумберг ја прогласи Германија за најиновативна економија во светот, откако по шест години го презема првото место од Јужна Кореја.
Според неодамнешното рангирање на Блумберг се прекина шестгодишната доминација на Јужна Кореја. Соединетите држави се наоѓаат на деветтото место, губејќи едно место во споредба со 2019 година.
- Advertisement -
Рангирањето вклучува фактори како што се трошоците за истражување и развој, бројот на домашни пријави за патенти и бројот на домашни јавни високотехнолошки компании. Според рангирањето Германија постигнала 88,21 од можни 100 поени.
Сингапур и Данска беа земјите со најголем напредок меѓу најдобрите 10, искачувајќи се по три позиции.
- Advertisement -