Кинеската вакцина е 20% поефикасна ако втората доза се прими после 3 наместо после 2 недели

- Advertisement -

Кинеската компанија Sinovac Biotech денеска соопшти дека клиничките испитувања покажале дека нивната вакцина против КОВИД-19 се покажала речиси 20% поефикасна кај мал број пациенти кај кои периодот меѓу првата и втората примена доза бил подолг.

Кај 1.394 пациенти кои дозите на CoronaVac ги примиле во рок од три недели ефикасноста на вакцината била речиси 70%, вели портпаролот на компанијата. Бразилски експерти минатата недела објавија дека ефикасноста на таа вакцина е 50,4%, базирано на резултати од 9.000 доброволци, од кои најголем дел примиле две дози во рок од 14 дена.

- Advertisement -

Временскиот интервал помеѓу двете дози стана жешка тема меѓу научниците, регулаторните тела и владите. Британското регулаторно тело соопшти дека вакцината против КОВИД-19 на производителот AstraZenecа и Универзитетот Оксфорд е поефикасна кога има поголем интервал меѓу двете дози отколку што се предвидувало. Земјата исто така одлучи да го продолжи временскиот интервал меѓу двете дози кај вакцината на Pfizer/BioNTech, иако компаниите се оградија од тоа и тврдат дека не можат да ја гарантираат ефикасноста на вакцината во тој случај.

Sinovac допрва треба да ги објави глобалните резултати од третата фаза од испитувањата, но таа вакцина по итна постапка веќе е одобрена во неколку земји како Бразил, Индонезија и Турција.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -