Саудиска Арабија ќе гради град само за пешаци, без улици и сообраќај

- Advertisement -

Саудиска Арабија го претстави планот за градот The Line, кој ќе биде целосно за пешаци. Градот е дел од гига-проектот Neom вреден 500 милијарди долари и ќе отвори 380.000 работни места во Саудиска Арабија.

Саудискиот принц Мохамед Бин Салман го претстави планот за градот кој ќе биде дом на околу 1 милион жители. Изграден околу природата, The Line ќе фунцкионира без автомобили, без улици и без сообраќај. Ќе биде составен од 170 км поврзани заедници. Градот ќе има нула емисија на гасови, а кога ќе биде комплетиран ќе придонесува со 48 милијарди долари во економијата на Саудсика Арабија.

- Advertisement -

До 2050 година времетраењето на патувањето од работа до дома ќе се дуплира, а 1 милијарда луѓе ќе мора да се преселат поради високите ниувоа на CO2 и покачувањето на нивоата на морињата и океаните. Денес, пак, 90% од луѓето дишат загаден воздух.

„Зошто мора да ја уништуваме природата за да градиме? Зошто 7 милиони луѓе годишно мора да умрат од загаден воздух? Зошто секоја година 1 милион луѓе мора да умрат во сообраќајни незгоди? И зошто се помируваме со тоа да губиме битни моменти од животот во патување? Мора да го трансформираме концептот на конвенционалните градови во футуристички“ додаде принцот.

- Advertisement -

The Line ќе биде лоциран во рамките на проектот Neom во близина на Црвеното Море, а неговата изградба ќе чини 5 милијарди долари. Сето тоа е дел од стратегијата на Саудиска Арабија да ја развие и диверзифицира економијата со цел да стане помалку зависна од нафтата.

Во градот ќе има ултрабрзи превозни средства и автономни возила кои ќе го олеснат патувањето и на жителите ќе им овозможат да го потрошат времето на активности за подобро здравје. Се очекува дека ниедно патување таму нема да трае повече од 20 минути.

- Advertisement -

Заедниците во градот ќе бидат когнитивни, ќе користат вештачка интелигенција и постојано ќе работат на начини со кои ќе им се олесни животот на луѓето и ќе се заштеди повеќе време за активности кои ги интересираат. Се очекува дека ќе бидат користени 90% од достапните податоци за подобрување на способностите на инфраструктурата, што е многу повеќе од тој 1% што се користи кај постојните паметни градови.

Redefining sustainability, it will also comprise carbon-positive urban developments powered by 100 per cent clean energy, providing pollution-free, healthier and more sustainable environments for residents.

Neom е пустински регион во северозападниот дел на Саудиска Арабија кој ќе се гради како еден вид на жива лабораторија. Ќе вклучува поголеми и помали градови, пристаништа, истражувачки центри, спортски и забавни објекти и туристички дестинации. Истовремено ќе се користи како центар за иновации каде што претприемачите, бизнис лидерите и компаниите ќе можат да истражуваат, да инкубираат и да комерцијализираат нови технологии.

(Smart Cities)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -