Европа полека ја намалува зависноста од фосилните горива, а еден извештај покажа дела минатата година на Стариот континент е создадена повеќе енергија од обновливи извори отколку од фосилни горива.
Оваа ситуација се нема случено никогаш претходно, а податоците покажуваат дека ветрот, соларната енергија, хидроенергијата и биомасата дале 38% од енергијата во Европа, што е раст од 34,6% во 2019 година. Процентот на фосилни горива паднал на 37%.
Најбитните фактори на старната на чистата енергија се соларната енергија и ветрот, кои пораснале за 15%, односно 9%. Земјите кои дале најголем придонес во тоа се Холандија, Шведска и Белгија.
Јагленот и нуклеарната енергија паднале за 20% и 10%, а нуклеарната енергија е посебна категорија во однос на обновливите извори на енергија и фосилните горива. Гасот и понатаму е популарен на стариот континент и останува компаративно евтин во текот на пандемијата, Поради тоа забележа пад од само 4% во однос на 2019 година. Во Грција и во Полска е зголемен процентот на користење на гасот.
Стариот континент полека се движи во тој правец вече некое време, а некои земји како Велика Британија минатата година успеале да создадат повеќе енергија од обновливи извори отколку од фосилни горива. Сепак, пандемијата на корона вирусот има мало влијание врз ситуацијата.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)