Од 1999 до 2015 година бројот на диви пчели глобално се намалил за една четвртина, покажаа податоците на организацијата Global Biodiversity Information Facility (GBIF), глобална мрежа која собира податоци за биолошката разновидност со отворен пристап, а тие се собрани од музеи, универзитети и благодарение на експерти аматери.
Тоа не значи дека одредени видови на пчели изумреле, туку станале многу ретки што не може да се проучуваат во природата. Дивите пчели, кои уште е познати и како солитарни пчели или самци, живеат надвор од кошниците и немаат пчела матица. Многу се успешни опрашувачи.
Благодарение на научниците аматери и можноста за размена на податоци научниците собрале се повеќе информаци и заклучиле дека бројот на видови на диви пчели се намалува.
Не станува збор за катаклизма, но не можеме да бидеме задоволни од состојбата во која се пчелите, изјави главниот автор на студијата, биологот Едуардо Затара од аргентинскиот универзитет Комахју, кој е и член на аргентинското Национално собрание за маучни и технички истражувања. (Conicet).
Бројни нови научни истражувања покажаа дека бројот на инсектите се намалува за 10-20% секои 10 години, што е апсолутно застрашувачки податок, додава Затара. Студија спроведена во текот на 2020 година во САД укажува на тоа дека недостатокот од пчели на земјоделските подрачја ја ограничува достапноста на одредени видови посеви.
Најновата студија објавен во списанието One Earth анализира поддатоци на 20.000 видови пчели од целиот свет, собирани во текот на три века. Истражуваето утврдило дека падот на бројот на пчели не е ист кај сите видови и дека не е рамноменро распределен по пчелни семејства.
Начниците утврдиле дека бројот на халиктицидни пчели, кои се втори по бројност во светот, се намалил за 17% од 1990 година досега, додека бројот на медни пчели се намалил за повеќе од 41%. Експертите предупредуваат дека недостигот на податоци за падот на бројот на инсекти во тропските предели од планетата го оневозможува разбирањето на причините за глобалното намалување на бројот на пчели.
(Zimo)
(фото: Pikist)