Ричард Бренсон демонстрираше како ќе изгледа да се возиш со неговиот ултрабрз Virgin Hyperloop

- Advertisement -

Идејата да се возиш во цевка полна со вакуум со брзина над 1.000 км/ч можеби звучи како заплет на некој научно-фантастичен филм, но наскоро ќе стане реалност. Компанијата Virgin Hyperloop на милијардерот Риачрд Бренсон ја развива таа футиристичка технологија, за која тврди дека ќе го трансформира начинот на кој патуваме.

На крајот на минатата година компанијата ја прикажа технологијата на дело и ги транспортираше првите двајца патници. Сега технолошкиот гигант сподели видео во кое се објаснува чекор по чекор како ќе функционира овој футуристички систем Hyperloop – од пристигнувањето во порталот до тргнувањето.

- Advertisement -

‘Ова што го гледате е само вовед во иднината. Ние покажавме дека нашата технологија е зрела и се приближуваме до комерцијализација на она што ќе биде првиот нов транспорт во овој век“ велат од Virgin Hyperloop.  

Нема да помине долго време додека можеме и ние самите да го испробаме Virgin Hyperloop, кој планира да почне со комерцијални возења до 2030 година. Системот Нyperloop има кабини кои лебдат и можат да превезуваат до 28 патници низ вакуум цевки со неверојатна брзина.

- Advertisement -

(DailyMail)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -