За еден месец британската варијанта на КОВИД-19 ќе биде доминантна во Белгија

- Advertisement -

За само еден месец т.н. британска варијанта на КОВИД-19 ќе биде доминантна во Белгија, предупредуваат виролозите. Лабораторијата KU Leuven ја истражува новата варијанта на вирусот позната како B.1.1.7 и дојдоа до заклучок дека се шири без контрола, а постојните превентивни мерки нема да бидат доволни за да се спречи ширењето.

Од првата појава B.1.1.7 беше позната како позаразна од обичната варијанта на САРС-КоВ-2, со повеќе информации и анализи. Сега со повеќе информации се покажа дека има 65% поголема заразаност.

- Advertisement -

Последните бројки покажуваат дека додека моменталната стапка на размножување е нешто над 1.0, каде што еден инфициран човек со B.1.1.7 може да ја покачи таа сапка на 1.5-2.0, всушност вистинската стапка изнесува над 1.0, но веројатно уште ќе се покачи.

Извештајот бил побаран од федералниот министер за здравство Френк Вандербрук, а е предводен од страна на Емануел Андре. Со помош на анализа на геномите, лабораторијата открила некаде околу 100 различни варијанти на КОВИД-19 .

- Advertisement -

Сега нивната најбитна цел е да се израмни таа крива. Со други зборови, да се стави контрола над рамножувањето на вирусот. Тоа значи дека со цел да се одржи непријателот што е можно позафатен додека да стигне покрупното оружје.

Како што вели Андре, ако мерките што се на сила останат исти и ако повеќе од луѓето не ги почитуваат, третиот бран ќе дојде набрзо. Сега луѓето уште не гледаат дека како што се шири новата варијанта, кривата уште повеќе ќе се искривува и постои вистински ризик дека се во сериозна опасност која може да кулминира во март.

- Advertisement -

Според него, мора да се преземат други мерки и други тактики.

Ако преземеме чекори, на крајот ќе можеме малку да го одложиме третиот бран. На тој начин ќе има доволно време за вакцинација на што е можно повеќе луѓе“ објаснува Андре.

(The Brussels Time)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -