FIA Region I стартап предизвик

- Advertisement -

FIA Region I, кој вклучува мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка, годинава, повторно организира предизвик за стартапи. АМСМ, како единствена членка на FIA од земјава, во соработка со Бизнис Акцелераторот УКИМ, ја промовира оваа можност за промоција и идентификување на стартапи кои може да учествуваат на предизвикот.

Кои се предностите од учеството на предизвикот?

- Advertisement -

Стартапите кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на предизвикот ќе добијат низа можности:

– Поддршка од Акцелераторот УКИМ во подготовка на апликацијата

- Advertisement -

– поврзување со мрежата на FIA Region I, кој преку своите 103 клубови-членки, претставува пазар од над 36 милиони потрошувачи во Европа, Блискиот Исток и Африка

– учество на онлајн настани со избрани експерти за иновации и бизнис развој и можност за средба со маркетинг и бизнис професионалци на клубовите на водечките мобилити клубови (октомври 2021 година).

- Advertisement -

Во кои категории може да се аплицира?

Категориите за пријава на предизвикот ги одразуваат подрачјата во кои мобилити клубовите ги проширија своите активности во последните децении. Денес, нивните деловни активности не се поврзани само со автомобилите, туку со мобилноста генерално, дури и со услуги кои го поедноставуваат и олеснуваат животот на нивните членови.

Сите стартапи со своите иновативни идеи се поканети да го прифатат предизвикот во следниве категории:

1) Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?

Автомобилот е во центарот на деловната активност на клубовите. Бидејќи употребата на автомобилот и неговите карактеристики стабилно се развиваат, мобилити клубови веќе бараат нови начини да бидат на страната на возачот.

Стартапите се добредојдени да достават идеи во овие сегменти, на пример, во областите: поврзани автомобили, модели на сопственост, безбедност на патиштата, електрична мобилност, влијание на автомобилите врз животната средина и слично.

2) Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?

Денес, корисниците имаат на располагање многу опции за превоз и го редефинираат преферираниот начин на движење. Мобилити клубовите бараат нови начини да им помогнат на своите членови во оваа транзиција и да најдат опција за мобилност што одговара на нивните специфични потреби.

Во оваа категорија, стартапите може да достават алтернативни решенија за мобилност, на пример, во областите: урбана мобилност; мобилност како услуга / по барање, решенија за микро-мобилност и слично.

3) Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

Мобилити клубовите може да понудат широк спектар услуги за помош на своите членови и надвор од сообраќајот. Ова може да вклучува услуги во домовите на луѓето (на пример, поправки на дефекти / безбедносни услуги / поврзани домови), или каква било услуга за лична помош (на пример, е-трговија, административни задачи). Како клубовите можат да ги поддржуваат луѓето насекаде, а не само при дефект на автомобилот? Како можат да им помогнат на луѓето да уживаат во поздрав и посреќен начин на живот?

Во категоријата помош, стартапите може да достават идеи во областа на, пример, следниве области: помош во домот, здравје, лична помош и слично.

Учесниците треба да имаат „proof of concept“ или прототип на производ и да имаат Главен Извршен Директор и Главен Технички Директор со полно работно време или нивни еквиваленти (на пр., бизнис и технолошка личност во компанијата). Во текот на 2021 година, учесниците ќе имаат бројни можности да ги претстават своите идеи пред експертите на мобилити клубовите на FIA Region I мрежата, одговорните за бизнис развој и оние личности кои ги носат одлуките.

Крајниот рок за аплицирање е 28 февруари 2021 година. Стартапите, кои влегле во потесен избор, ќе бидат известени во март 2021 година.

За време на процесот на селекција, доставените идеи се евалуираат од експертите за иновации на клубовите-членки на FIA Region I. Стартапите кои ќе влезат во потесниот избор ќе работат заедно со овие експерти заради потенцијално усогласување со деловните активности на мобилити клубовите.

(Business Accelerator UKIM)

Сподели!
- Advertisement -