Поради коронакризата банкротираа над 1.000 јапонски компании

- Advertisement -

За само една година над илјада компании во Јапонија банкротираа од страшните последици на пандемијата со коронавирусот, покажа истражувањето спроведено од компанијата „Теикоку датабанк“.

Според резултатите од истражувањето на компаниите кои барањето за банкрот го поднеле од февруари 2020 година досега, во Јапонија најсилно е погоден секторот Угостителство, во кој досега банкротирале 159 компании, јавува јапонскиот јавен радиодифузер НХК.

- Advertisement -

Во истиот период, меѓу другите, „клуч на вратата“ ставиле и 85 градежни компании, како и 78 хотели и пансиони.

Поради последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во Јапонија, во просек, секој месец со работа престануваа околу сто компании, пренесе агенцијата Анадолија.

- Advertisement -

MИА

Фото – Picmedia

Сподели!
- Advertisement -