Кина стартува јавна платформа за следење и казнување на загадувачите на воздухот

- Advertisement -

Кина планира стартување на нова информативна платформа која ќе овозможи луѓето да следат колку емитуваат гасови компаниите кои ја загадуваат околината за да можат да им помогнат на властите да ги казнат тие што ги прекршуваат законите, објави Министерството за животна средина.

Вкупно 2,36 милиони компании, индустриски постројки и институции во Кина имаат правна обврска да набават дозвола за емитување на загадување како сулфур диоксид и отпадни води. Но, Кина се мачи да собере информации кои се потребни за да функционира системот и се соочува со опструкција и давање лажни податоци од некои компании-загадувачи.

- Advertisement -

Според Министерството за животна средина, новата информативна платформа ќе им овозможи на властите и на членови на јавноста за го надлгеудваат загадувањето во реално време и да проверуваат податоци за историјата на компаниите и на тој начин да утврдат кои правила ги кршат. Ова треба да стапи на сила на 1 март.

За незаконското однесување како загадување без дозвола смислени се казни кои ќе се изрекуваат на дневна основа, а имаат за цел да го стопираат производството или да ги затворат фабриките. Казнети ќе бидат и оние компании кои го избегнуваат надзорот.

- Advertisement -

Компаниите кои нема да сакаат да ги споделуваат своите информации ќе бидат изложени на уште подетални прегледи и почести инспекции, исто како и тие кои веќе имаат послаб рејтинг, велат од Министерството.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -