Јужна Кореја инвестира 43 милијарди долари во изградбата на најголемата електрана на ветар во светот

- Advertisement -

Јужна Кореја потпиша договор за изградба на најголемата светска електрана на ветар, вредна 43 милијарди долари. На тој начин сака да постигне карбонска неутралност и да ја зголеми енергетската независност до 2050 година затоа што земјата сега е зависна првенстцвено од увозот на јаглен, од кој генерира 40% од вкупната енергија.

Електраната ќе се наоѓа на југозападниот дел на Јужна Кореја и ќе биде седум пати поголема од досега најголемата во земјата, а ќе произведува исто струја колку шест нуклеарни централи. Според проценките на корејската влада, земјата има уште многу неискористени можности за производство на електрична енергија, а и високоразвиена технологија.

- Advertisement -

Сеул минатата година објави дека сака да стане една од водечките земји во офшор производство на електрична енергија. Нуклеарната електрани исто така ќе бидат затворени во текот на наредните години.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -